Трамп поднесе жалба на пресудата за сексуален напад врз новинарка

May 12, 2023
1 min read

Трамп, фаворит за републиканската номинација за претседател на САД на изборите следната година, не присуствуваше на судењето и, меѓу другото, тврдеше дека Керол, поранешна колумнистка на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија, ги фабрикувала наводите за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја обжали пресудата на њујоршката порота во граѓански случај, според која тој сексуално ја нападнал и клеветал новинарката Елизабет Џин Керол. Судските записи покажаа дека Трамп го известил Вториот окружен апелационен суд на САД дека ќе поднесе жалба на пресудата, како што претходно рече дека ќе стори неговиот адвокат Џозеф Такопина.

Во вторникот деветчлената порота на сојузниот суд на Менхетен на поранешната новинарка ѝ додели отштета од пет милиони долари. Керол (79) за време на судењето сведочеше дека Трамп (76) ја силувал во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен кон крајот на 1995 година или почетокот на 1996 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година на неговата социјална мрежа напишал дека нејзините тврдења се целосна измама и лага.

Поротата го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета, но не и за силување.

Трамп, фаворит за републиканската номинација за претседател на САД на изборите следната година, не присуствуваше на судењето и, меѓу другото, тврдеше дека Керол, поранешна колумнистка на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија , ги фабрикувала наводите за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети.

Тој ја нарече пресудата и срамота, како и дека апсолутно не ја знае жената.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Реставрираната Моминска кула во Истанбул повторно блесна

Следно

Филмови на Дејвид Рајкер во Кинотека, режисерот ќе присуствува на проекциите и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со
Go toTop