Мурињо демантира преселба во ПСЖ

May 10, 2023
1 min read

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо (60) ги демантираше денеска шпекулациите околу преземање на тренерската улога во редовите на актуелниот француски првак ПСЖ.

„Доколку ме барале, не ме нашле“, изјави Мурињо за Скај Спорт Италија.

Француските медиуми наведуваат дека ПСЖ повторно е во потрага по нов тренер, откако сегашниот шеф на стручниот штаб не го импресионирал клупското раководство, кое, според истите извори, воспоставило контакт со Мурињо.

„Никогаш не сум разговарал со нив“, демантираше Мурињо.

Португалскиот тренер утре ќе ја предводи Риома во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа против Баер Леверкузен.

Првиот натпревар се игра во Рим, а реваншот е на програмата на 18 мај во Леверкузен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПМФЛ: Академија Пандев останува прволигаш, Скопје во баражот за опстанок

Следно

Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје 10.5.2023

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop