ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров спроведе хуманитарна акција, која ја прави втора деценија, на акцијата годинава се приклучи и сопругата на Мицкоски

January 15, 2023
1 min read

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров деновиве во хуманитарна акција, која ја прави веќе втора деценија, спроведена од членовите на Комитетот собираше намирници за исхрана.

На акцијата оваа година и се приклучи и Рози Мицкоска, сопруга на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која даде несебичен придонес за акцијата да биде успешна.

Собраните намирници, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров ги однесе во црквата Св. Петар и Павле, од каде истите ќе бидат предадени на хуманитарната организација Св. Спас, која секојдневно носи топол оброк во црквата за бездомници.

Оваа година акцијата ја одбележа масовност и големи донации.

„Кога власта ги занемарува лицата на кои им треба помош, ВМРО-ДПМНЕ прави се што е во негова можност да им помогне на тие лица.

Човечноста мора да биде основна одлика на секој поединец, и тоа е еден од принципите на кој се потпира секој член на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ како партија која ќе ја предводи идната влада ќе работи напорно, за ваквите акции да бидат се помалку потребни, преку развој на државата и создавање подобра иднина за сите„ – велат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХОРОР ВО ИРСКА: Пронајдено тело на човек кој починал пред 20 години, доказ е еден важен детаљ во напуштената куќа

Следно

Фернандеш: Не го користете моето име за да го нападнете Роналдо

Latest from Blog

Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот

Кина ја укинува даночната поволност за кондоми поради падот на наталитетот

Контрацептивните средства повеќе нема да се сметаат за производи ослободени од данок, што значи дека на нив ќе се применува стандардната стапка на ДДВ од 13 проценти. Овој потег предизвика дебата на

Интер Мајами не е атрактивен за Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да оди во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата

Лукашенко: „Орешник“ пристигна во Белорусија, подготвен е за напад!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека рускиот ракетен систем „Орешник“ пристигнал во Белорусија и веќе е ставен во состојба на борбена готовност. „Тука е од вчера и е ставен на борбено дежурство“,
Go toTop