Пронајдени се двете девојчиња од Струмичко кои беа загубени во Скопје

May 9, 2023
1 min read

Веста дека девојчињата се пронајдени на Фејсбук ја соопшти мајката на едното од нив која им се заблагодари на сите што се ангажирале на каков било начин во нивното пронаоѓање

Двете девојчиња од Струмичко, едното на возраст од 12 години, а другото на 14 години, кои вчера околу 16 часот се изгубија во близината на трговскиот центар  „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје, се пронајдени доцна синоќа. Веста на Фејсбук ја соопшти мајката на едно од девојчињата која им се заблагодари на сите што се ангажирале на каков било начин во нивното пронаоѓање.

Мајката рече дека девојчињата биле пронајдени во населбата Кисела Вода.

Веста дека двете девојчиња од Струмичко се пронајдени ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени синоќа околу 23:50 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Двете девојчиња биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, а за исчезнати беа пријавени од нивната наставничка која рекла дека последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“, од каде што најверојатно се упатиле кон центарот на Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русите лансирале 15 крстосувачки ракети кон Киев, украинските власти велат дека сите се соборени

Следно

Убиени 12 лица, меѓу кои и тројца високи команданти на Исламски џихад во израелски воздушни напади во Газа

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop