Русите лансирале 15 крстосувачки ракети кон Киев, украинските власти велат дека сите се соборени

May 9, 2023
1 min read

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко рече дека нема жртви во нападот, кој бил извршен со крстосувачки ракети од областа на Каспиското Море

Русија утрово лансираше околу 15 крстосувачки ракети кон главниот град на Украина, но системите за противвоздушна одбрана ги соборија сите, соопштија украинските власти откако претходно се огласија предупредувањата за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, пренесува Ројтерс.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко изјави дека плановите на агресорите пропаднале. Денешните напади, кои се петти овој месец, се случија еден ден откако Русија го лансираше најголемиот број беспилотни летала досега.

Попко рече дека според првичните информации, нема жртви во нападот, кој бил извршен со крстосувачки ракети од областа на Каспиското Море.

Попко тврди дека Русите се обидуваат да убијат што повеќе цивили дури и на денешниот Ден на победата во Русија, еден од најсвечените национални празници таму, со кој се одбележува годишнината од поразот на нацистичка Германија во 1945 година.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм напиша дека остатоци од соборените ракети паднале врз куќа во областа Холосивски во југозападниот дел на Киев додавајќи дека нема жртви или голема материјална штета. Остатоци биле пронајдени и на патот во областа Шевченкивски во центарот на Киев, која е честа мета на руските напади.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус повторно останува без бодови?

Следно

Пронајдени се двете девојчиња од Струмичко кои беа загубени во Скопје

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop