Две девојчиња од Струмичко се изгубиле во Скопје, последен пат се видени пред ТЦ „Веро Џамбо“

May 8, 2023
1 min read

Девојчињата се на возраст од 12 и 14 години. Случајот за нивното исчезнување во полиција го пријавила нивната наставничка која последен пат ги видела пред Трговскиот центар „Веро Џамбо“, од каде што најверојатно се упатиле кон центарот на Скопје

Две девојчиња од Струмичко, кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, се пријавени за исчезнати.

Девојчињата се на возраст од 12 и 14 години.

Случајот во полиција го пријавила нивната наставничка која последен пат ги видела пред Трговскиот центар „Веро Џамбо“, од каде што најверојатно се упатиле кон центарот на Скопје.

Скопската полиција ја добила пријавата денеска околу 16 часот, а полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките.

Според информации на социјалните мрежи, девојчињата со своите врсници биле на еднодневна екскурзија и го посетиле Саемот на книга во Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вучиќ за протестите на опозицијата: Oчекував да понудат конкретни идеи, а сè се сведе на сува политика

Следно

Јувентус повторно останува без бодови?

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop