По двете масовни убиства, српската опозиција излезе на протест под слоганот „Србија против насилството“

May 8, 2023
1 min read

Организаторите на протестот, парламентарните опозициски партии, упатија повеќе барања до властите, меѓу кои и згаснување на магазините и таблоидите кои промовираат омраза и насилство и го кршат новинарскиот кодекс. Во оваа група на барања е и конфискација на фрекфенциите на телевизиите Пинк и Хепи и стопирање на реалните шоуа и програми кои промовираат насилство, неморал и агресија, а кои се емитуваат на националните телевизии

Денешните протести доаѓаат по двете масовни убиства кои минатата недела се случија во Србија

Под слоганот „Србија против насилството“ денеска пред зградата на српскиот парламент се одржува протест на кој повикаа парламентарните опозициски партии, а повод за неговото одржување, како што се вели во најавата, е реакцијата на државата по двете масовни убиства што се случија во Србија на 3 и 4 мај.

Фото: Н1

Организаторите на протестот своите барања до властите ги поделија во три групи. Првата група на барања се насочени кон регулација на медиумите кои промовираат насилство и го кршат новинарскиот кодекс.

Опозициските партии бараат смена на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), како и згаснување на магазините и таблоидите кои промовираат омраза и насилство и го кршат новинарскиот кодекс. Во оваа група на барања е и конфискација на фрекфенциите на телевизиите Пинк и Хепи и стопирање на реалните шоуа и програми кои промовираат насилство, неморал и агресија, а кои се емитуваат на националните телевизии.

Фото: Н1

Во втората група на барања, организаторите на денешните протести бараат разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција, Александар Вулин.

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а организаторите на денешниот протест на ова велат оти неговата оставка е доказ дека власта го познава само притисокот од граѓаните.

Организаторите на протестот од редовите на опозицијата бараат итна седница на собранието на која ќе се разгледува одговорноста на владата на Србија и безбедносната состојба во државата, како и долгорочни решенија кои треба да се спроведат за настани како минатонеделните никогаш повеќе не се повторуваат.

Опозиционерите го посочија 12 мај како краен рок за исполнување на овие барања.

Меѓу другите, на протестот повикаа Партијата за слобода и правда, Демократската партија, Движењето на слободни граѓани, Народната партија, партијата Заедно, Зелениот левичарски фронт.

Денешните протести доаѓаат по двете масовни убиства кои се случија во Србија.

Осум деца и еден возрасен беа убиени на 3 мај во вооружен напад на 13-годишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во нападот се ранети уште деца и еден наставник, а напаѓачот е уапсен.

Во четвртокот, 4 мај, 21-годишен напаѓач уби осум лица и рани 14 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Кога државата капитулира пред една дивоградба

Следно

ШОК ЗА ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Одбил во игра да влезе како резерва, исчезна фудбалер

Latest from Blog

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир

УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА. Ортиз ќе мора

Николоски: Наскоро почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени. Градот Набатија беше погоден и од насилен
Go toTop