Нова трагедија во Тексас: Седум загинати откако автомобил се заби во автобуска постојка

May 7, 2023
1 min read

Полицијата соопшти дека засега е нејасно дали инцидентот бил намерен или не

Седум лица загинаа во американската сојузна држава Тексас откако автомобил удри во група луѓе на автобуска постојка во близина на засолниште за бездомници и мигранти.

Инцидентот се случил во Браунсвил во близина на границата со Мексико.

Покрај загинатите, најмалку шест лица се повредени од кои некои се во критична состојба.

Возачот е уапсен, а полицијата соопшти дека засега е нејасно дали инцидентот бил намерен или не. И тој бил пренесен во болница за укажување помош, а направени му се тестови за дрога и алкохол.

Поголем дел од жртвите, според изјавите на официјални лица, се мажи од Венецуела. Медиумите потсетуваат дека несреќата доаѓа пред истекување на „ковид-политиката“ за мигранти која им овозможува на САД автоматски да ги протеруваат лицата без документи.

Ова е втора трагедија во Тексас во период од 24 часа, откако вчера во трговски центар вооружен напаѓач уби осум лица, а рани седум.

Фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПМФЛ: Струга е нов фудбалски шампион на Македонија

Следно

Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата

Latest from Blog

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за

Тоневски: Се реконструира дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски. Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната
Go toTop