Српската полиција ги уапсила и дедото и вујкото на напаѓачот од Младеновац

May 5, 2023
1 min read

Полицијата ги привела бидејќи, како што јавува Нова ТВ, се сомнева дека осомничениот 21-годишник по злосторството се криел во нивниот дом. Телевизијата претходно објави неофицијални информации, според кои, откако осомничениот го извршил злосторството побарал засолниште во куќата на своите роднини во селото Вињиште

Медиумите јавуваат дека полицијата извршила претрес во куќата во која наводно се криел 21-годишникот, а таму било пронајдено поголемо количество нелегално оружје и муниција, за кои момчето немало дозвола за користење

Српската полиција ги приведе вујкото и дедото на уапсениот У. Б. кој е осомничен за синоќешното масовно убиство кај Младеновац во кое загинаа осум лица, а 14 се повредени, јави српската Нова ТВ.

Полицијата ги привела бидејќи, како што јавува медиумот, се сомнева оти осомничениот 21-годишник по злосторството се криел во нивниот дом. Телевизијата претходно објави неофицијални информации, според кои, откако осомничениот го извршил злосторството побарал засолниште во куќата на своите роднини во селото Вињиште.

Жители на селото Дубона кај Младеновац утро по масовното убиство / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ова село е лоцирано веднаш до селото Грошница – место каде што српската полиција информира дека утринава го уапсила момчето. До Вињиште, пак, според непотврдени информации што ги објавија српските медиуми, осомничениот стигнал со такси, заканувајќи му се на таксистот.

Медиумите јавуваат дека полицијата извршила претрес во куќата во која наводно се криел 21-годишникот, а таму било пронајдено поголемо количество нелегално оружје и муниција. РТС јавува дека во куќата биле пронајдени четири бомби, калашников и поголема количина муниција. Момчето немало дозвола за користење на оружјето.

Осомничениот е уапсен утринава во населбата Грошница во околината на Крагуевац откако од синоќа по него трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција.

Дваесет и едногодишниот У.Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона во Младеновац, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.    

Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде што ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематичен, кој бил од соседното село Долна Дубона. Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години.

Четиринаесетмина повредени се згрижени во болниците, а полицијата работи на расветлување на сите факти и околности за масовното убиство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челникот на руската паравоена група Вагнер се заканува со повлекување од Бахмут поради недостиг на муниција

Следно

РЕЖИСЕРОТ ДЕМИЕН ШАЗЕЛ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

Latest from Blog

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во
Go toTop