(ФОТО) Трагите од крв сведочат за синоќешниот масакр кај Младеновац

May 5, 2023
1 min read

Трагите од крв покрај две клупи во селото Дубона кај Младеновац сведочат за синоќешниот масакр во кој беа убиени осум лица, а ранети 13.

Жителите на селото со неверување и солзи во очите го дочекаа утрото, додека истражителите се на терен и земаат траги од местото на несреќата.

Осомничен за масовното убиство е 21-годишниот Урош Б. кој утрово околу 8 часот беше уапсен од српските полицајци во селото Вињиште кај Крагуевац.

Неофицијалните информации говорат дека пукањето започнало по расправија во училиштен двор по која осомничениот заминал дома, ја зел пушката и почнал да пука. Наводно, осомничениот пукал на три локации. На терен беа повеќе од 600 специјалци, а беше ангажирана и хеликоптерската единица на српското МВР.

Нова ТВ објави дека осомничениот при бегството влегол во такси-возило и со закана кон возачот побарал да го однесе во Вињиште каде што неофицијално побарал скривалиште кај роднини. Се скрил, според неофицијални информации, во викендичка на неговата мајка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Делегација од општина Карпош во посета на Сараево

Следно

Таткото на момчето кое го изврши масакрот имал дозвола за МИНИ АРСЕНАЛ

Latest from Blog

Трамп: САД веднаш ќе забрани влез и излез во теснецот на секој брод што му платил на Иран

Американската делегација на чело со Потпретседателот Џ.Д. Венс пред да го напушти Исламабад потврди дека не успеале да постигнат договор. „Имавме голем број суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата

Муцунски се сретна со Албанско-американскиот совет

Советот за албанско-американски односи беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, на состанок во САД. Меѓу другото, се известува дека било разговарано и за прашањето за

Италија ја тресе нов скандал: Се давале пари за повици во репрезентацијата?!

Фото: https://www.figc.it/ И дефинитивно хаос владее во фудбалска Италија. Поразот на Италија од БиХ во плејофот за Светското првенство предизвика вистинска бура во тамошната јавност. Третиот последователен неуспех во квалификациите за Светското
Go toTop