(ВИДЕО) Ново пукање во Србија: Седум ранети, има и убиени

May 4, 2023
1 min read

Српските медиуми пишуваат дека меѓу ранетите има и деца, како и полицаец

Принтскрин од видео на каналот „Мој Београд“ на Инстаграм

Ново пукање вечерва ја потресе Србија. Во селото Дубона кај Младеновац ранети се седум луѓе, а полицијата и екипи на брза помош се наоѓаат на местото на настанот, пренесува новинската агенција Танјуг.

Порталот „Телеграф“ првично јави дека пријавата во полиција пристигнала кратко по 23 часот, а неофицијални информации говорат и дека меѓу ранетите има и деца.

Истиот медиум, подоцна објави и дека, покрај седуммината ранети, убиени се и две лица. Била распишана и потерница по момче со иницијали У.М. на возраст од 21 година.

Наводно, тој избегал со возило „мерцедес“ од кое и пукал најверојатно со автоматска пушка.

Истите информации, ги пренесуваат и повеќе други медиумите во Србија. „Блиц“, повикувајќи се на свои извори, наведува дека можно е да има и повеќе жртви.

Меѓу потешко ранетите, како што неофицијално пренесува телевизијата Н1, е и полицаец.

„Новости“, пак, пишува дека убиените се полицаец и неговата сестра.

На социјалните мрежи кружи и видеоа кои го пренесуваат медиумите, а на кое се гледаат десетици автомобили на полицијата, специјалните единици и Итната медицинска помош како се движат од Белград кон Младеновац.

Вечерашното пукање доаѓа откако вчера во основно училиште во Белград ученик (13) уби девет лица – чуварот и осум ученици.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Искрено, се надевам дека книгата во својот вообичаен облик нема да исчезне од животот на идните генерации, рече академик Урошевиќ на отворањето на 35. Саем на книгата

Следно

Српски медиуми: Расте број на мртви – тројца убиени кај Младеновац, напаѓачот сè уште пука?

Latest from Blog

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, известува Анадолу. Во соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, на состанокот

Мицкоски за Таравари: Тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои ја пустошеа, криминализираа и ограбуваа Македонија

Денеска во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски рече дека му посакува сѐ најдобро на Арбен Таравари и дека ќе го покани на кафе во Владата. На новинарско прашање по посетата на

Фетел: Не се сомневам дека Хамилтон ќе успее со Ферари

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го поддржа својот поранешен ривал Луис Хамилтон, поради тешкотиите што Британецот ги доживува откако се пресели во Ферари на почетокот на годината. Тешкотиите што
Go toTop