По масакрот во Белград, српското МВР најави контроли – дали сопствениците го чуваат оружјето според прописите

May 4, 2023
1 min read

По вчерашното масовно убиство во основно училиште во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ објави предлог-мерки со кои, меѓу другото, се предвидува и ревизија на сите издадени дозволи за оружје и контрола на начинот на кој лицата со дозволи го чуваат оружјето. Тој предложи и воведување мораториум за издавање, чување и носење за секое оружје во следните две години, освен за ловечко оружје

По вчерашната трагедија во Белград, во која 13-годишен ученик со пиштолот на својот татко уби осум ученици и чувар во основно училиште, српското Министерство за внатрешни работи (МВР) најави дека ќе почне со опсежни проверки на сите сопственици на оружје.

Проверките, како што е најавено, ќе се прават за да се утврди дали сопствениците го чуваат оружјето согласно важечките прописи – одвоено од муниција и затворено во соодветни сефови.

„На сопствениците на оружје, чие оружје ќе се констатира дека е невнимателно чувано, за да може да дојде во сопственост на неовластени лица и да ја загрози безбедноста на луѓето, ќе им биде одземено оружјето и ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за оружје и муниција“,

соопштија од МВР на Србија.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерството ги повика сите сопственици на оружје совесно да го чуваат оружјето и да го затвораат во сефови, за да биде недостапно за неовластени лица, особено за деца.

„Исто така, апелираме до сопствениците на оружје да проверат дали го чуваат оружјето одвоено од муницијата, како и да ги направат клучевите или шифрите од касите или сефовите, во кои го чуваат оружјето, недостапни за други лица, особено деца“,

додаваат оттаму.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера објави предлог-мерки со кои, меѓу другото, се предвидува и ревизија на сите издадени дозволи за оружје и контрола на начинот на кој лицата со дозволи го чуваат оружјето.

Вучиќ предложи и воведување мораториум за издавање, чување и носење за секое оружје во следните две години, освен за ловечко оружје, но изрекување кривична одговорност на лица кои овозможуваат малолетници да набават огнено оружје и обучуваат малолетници за ракување со оружје.

Тринаесетгодишниот ученик кој вчера изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, пукал со пиштол калибар 9 милиметри, а со себе носел и малокалибарски пиштол и четири молотови коктели. Во нападот се убиени девет лица – осум ученици и чуварот на училиштето. Шест ученици и наставничка се тешко повредени и пренесени в болница.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За само 90 долари месечно вашиот нов Мерцедес може да побрза

Следно

Захарова: Западот е примарно одговорен за чекорите на Украина против Русија

Latest from Blog

Потврдено: Сенегал поднесе жалба до ЦАС во Лозана!

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Како што се очекуваше, Фудбалската асоцијација на Сенегал поднесе жалба против одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF), со која на овој тим му беше одземена титулата освоена на теренот во

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените
Go toTop