(ВИДЕО) Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во голем верижен судир во САД

May 2, 2023
1 min read

Судирот се случил јужно од главниот град на сојузната држава Илиноис, откако песочна бура го зафатила автопатот, речиси целосно попречувајќи ја видливоста. Во несреќата учествувале најмалку 72 возила

Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во голем верижен судир предизвикан од песочна бура во американската сојузна држава Илиноис. Несреќата, како што јави Си-ен-ен, се случила во понеделникот нешто пред 11 часот по средноевропско време, а во неа учествувале најмалку 72 возила.

Судирот се случил јужно од главниот град на Илиноис, Спрингфилд, откако песочна бура го зафатила автопатот.

Најмалку 37-мината повредени, со повреди кои се движат од полесни до опасни по живот, се пренесени в болница. Нивната возраст се движи од 2 до 80 години.

Еден од шестмината загинати е 88-годишен маж, а официјални лица и натаму работат на идентификување на останатите пет лица кои загинаа во големиот судир.

По несреќата, автопатот бил затворен доцна во понеделникот.

Полицијата во Илиноис соопшти дека причината за несреќата се силните ветрови што со себе носат прашина од полињата на фармите од другата страна на автопатот, што целосно ја попречува видливоста.

Метеорологот на Си-ен-ен, Чад Мајерс, рече дека ветровите со брзина од 45 милји на час со себе ја собрале прашината и одеднаш автопатот го направиле речиси невидлив.

Големи верижни судири предизвикани од песочни бури неодамна се случија и во Унгарија и во Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ и Курти на средба во Брисел

Следно

Арсовска во посета на спортските терени во паркот Сарај

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип не ги заборава своите спортски легенди

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, присуствуваше на меморијалниот турнир во риболов на браната Пишица, организиран во чест на Љубиша Дуковски – Бомба, кој важи за еден од најголемите спортски риболовци во

Проданоски со честитка за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и култура

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека делото на сесловенските просветители претставува темел на македонскиот

ВЛЕН: ДУИ да објасни какви односи имале со Стајиќ

Коалицијата ВЛЕН побара одговори од ДУИ и од поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со, како што велат, нивните врски со почесниот конзул на Србија, Владимир Стајиќ. „Колку повеќе

Зголемен е бројот на деца во ризик во Велешко во 2025, споредено со 2024

Зголемен е бројот на деца во ризик во Велешко во 2025, споредено со 2024, покажуваат податоците од Годишниот извештај на Општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво, тело при Советот на Општина
Go toTop