Украина: Нашите трупи извршија противнапад во делови на Бахмут

May 1, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Командантот на украинските копнени сили, Александар Сирскиј, извести дека во некои делови на Бахмут украинските трупи тргнале во офанзива против Русите, известува Анадолу.

Сирскиј вчера посети неколку позиции на фронтот и им врачи државни медали на успешните војници, соопштија Копнените сили на Украина.

Наведувајќи дека украинската војска одбила голем број руски напади во последните неколку дена во насока кон пристаништето, Сирскиј истакна дека „обидите на непријателите да ги заземат нашите позиции беа неуспешни. Непријателот претрпе загуби, заробивме 10 непријателски војници“.

Зборувајќи дека интензивираните судири продолжуваат во насока на Бахмут, Сирскиј потврди дека Русите се обиделе да ја пробијат одбраната на украинските војници во различни насоки, но не успеале во тоа.

Тој напомена дека руските војници вложиле максимални напори за да напредуваат.

„И покрај значителните загуби, нови Вагнерови јуришни групи, борци од други приватни компании, постојано влегуваат во судири, меѓутоа непријателот не е во состојба да ја преземе контролата над градот“, изјави командантот на украинските копнени сили, Сирскиј.

Објаснувајќи дека позицијата во правец на Бахмут е многу комплицирана, Сирскиј додаде дека „истовремено нашите трупи го напаѓаат непријателот во некои делови од градот, а непријателот напушти некои од своите позиции“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Дојдете да видите дали се работи 60 часа на сонце“, „Сакаме и ние покачување од 78 отсто“ – првомајски протест пред Владата

Следно

Бомба експлодирала покрај автомобилот на главниот обвинител на Бугарија – обид за атентат на Иван Гешев?

Latest from Blog

Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите

Културен печат на историјата: Објавена првата разгледница „Поздрав од Гора“ во Албанија

Албанија е отпечатена првата разгледница посветена на областa Голо Брдо, богат регион со македонско културно наследство, која ќе служи како визуелен поздрав за сите љубители на овој крај. Ова издание има за

Ограничен пристапот до интернет во Иран поради националните протести

Информацијата се заснова на наодите на американската ИТ компанија „Клаудфлер“ (Cloudflare). Извештаите на социјалните мрежи говорат за „интензивни“ прекини и стравувања дека меѓународниот пристап до интернет наскоро може целосно да биде исклучен.
Go toTop