Пленковиќ и Брнабиќ во Загреб разговарале за сите отворени прашања: Треба да ги решаваме со дијалог  

April 30, 2023
1 min read

Во дијалог треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка, напиша Пленковиќ на Твитер. Српската премиерка изјави дека имала добри и конкретни разговори со својот хрватски колега. Двајцата разговарале за обвновување на железничкиот сообраќај меѓу Белград, Загреб и Љубљана, а исто така, како што рече, ги допреле сите отворени прашања, колку и да се тешки и емотивни

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог.  

 „Во дијалог треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска“,

напиша Пленковиќ на Твитер. 

Тој денеска во Загреб ја прими српската премиека која допатува во Хрватска на Големото собрание на Српскиот национален совет.  

Околу 1 500 избрани советници и претставници на српското национално малцинство од повеќе од 150 општини, градови и окрузи, релевантни организации на српската заедница во Хрватска и малцинства и институции за заштита на човековите права се собраа на 4. Големо собрание на СНС, пренесува Бета. 

Од Српскиот национален совет преку соопштение потестуваат дека Големото собрание беше обвновено во 2008 година како дел од Советот.  

Во соопштението се наведува дека на претходните собранија била потврдена посветеноста на Србите во Хрватска за решавање на прашањата кои произлегуваат од војната, правата на националните малцинства, соживотот со мнозинскиот народ и подобрувањето на меѓудржавните односи меѓу Хрватска и Србија. 

Српската премиерка изјави дека имала добри и конкретни разговори со својот хрватски колега, пренесе РТС. Двајцата разговарале, за обвновување на железничкиот сообраќај меѓу Белград, Загреб и Љубљана, а исто така, како што рече, ги допреле сите отворени прашања, колку и да се тешки емотивни.   

„Разговаравме како да се работи за решавање на овие прашања“,

рече Брнабиќ. 

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и нејзиниот хрватски колега и домаќин Андреј Пленовиќ/Извор: твитер-профил на хрватскито премиер, Андреј Пленковиќ

Таа порача дека вратите на сите институции во Србија, вклучително и на претседателот, се отворени за дијалог со претставниците на Србите во Хрватска, како и со Хрватите во Србија.  

„Нашите народи се насочени еден кон друг и се и мора да бидат едни од најнеопходните гаранти на мирот, стабилноста и просперитетот во овој дел од Европа“,

рече Брнабиќ. 

 Таа ѝ честиташе на Хрватска за влезот во еврозоната и Шенген зоната, како и за договорот за двојно оданочување со САД. 

 „Во регион како нашиот, секој успех значи поголема стабилност и подобар потенцијал за сите нас“,

изјави Брнабиќ во Загреб.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француската полиција на утрешните протести ќе користи дронови за разузнавачки и надзорни задачи

Следно

„Нè разбуди шкрипење, а потоа почна превртувањето“: исповед на патник од автобусот што се преврте во Унгарија

Latest from Blog

Коњановски: Битола останува дом на најдобрите театарски изведби

На затворањето на 27-то издание на Фестивалот на монодрамата во Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја додели наградата од публиката за најдобра монодрама, која годинава ѝ припадна на претставата „Џеки“ на Драмски театар

Binance AI Pro – нова алатка што го менува начинот на тргување со криптовалути

Нова анализа од Binance покажува дека вештачката интелигенција сè повеќе им помага на луѓето полесно и побрзо да тргуваат со криптовалути. Наместо корисниците одделно да го истражуваат пазарот, да споредуваат податоци, да

Трафостаницата на новата улица во Битола е предвидена уште во проектот од 2010 година

Новата сообраќајница СРУ5 во Битола, која ја поврзува улицата „Партизанска“ со населбата „Златен рид“ во просторот на старата касарна, деновиве предизвика внимание во јавноста поради трафостаницата која се наоѓа во непосредна близина

НОВА ВОЕНА АЛИЈАНСА НА МОРЕ – Десет европски земји ќе формираат ЗАЕДНИЧКА МОРНАРИЦА

Обединетото Кралство и девет други европски земји се согласија да формираат заедничка морнарица „за да ги одвратат идните закани од Русија на северот од континентот“, изјави шефот на британската морнарица, Гвин Џенкинс.
Go toTop