Јамал стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона

April 30, 2023
1 min read

Барселона со убедливи 4-0 го победи Бетис, а Ламине Јамал стана најмладиот играч кој дебитирал во првиот тим на Барселона, има само 15 години.

Барселона славеше убедлива победа над Бетис, се очекуваше дека ќе биде потешко за Каталонците, но работата им беше олеснета во 33. минута кога Гонзалез доби втор жолт картон. Во тој момент Барса водеше со 1-0.

Резултатот го отвори Кристенсен во 14. минута, а до крајот на првото полувреме голови дадоа и Левандовски и Рафиња. Во вториот дел Родригез си постигна автогол за победа на Барса од 4-0.

Во 83. минута во игра влезе Ламине Јамал и стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона. Има 15 години, роден е на 13. јули 2007 година. Брзо по влегувањето имаше и шанса за погодок. Тој игра на десната офанзивна позиција, но може да игра и лево и како централен напаѓач.

„Ламине Јамал беше многу добар. Му реков да проба работи и тој го направи тоа. На 15 години, замислете…. За малку ќе дадеше и гол. Тој е посебен фудбалер, има самодоверба, може да биде голем играч, тоа се гледа на тренинзите“, изјави Чави по натпреварот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравковски: Граѓаните се во апатија поради проблемите кои ги донесе оваа власт, заедно со народот ќе се избориме да ги победиме и да донесеме ист третман и достоинствен живот за сите

Следно

Отворено писмо до јавноста од вработените во ЈУДГ Детска радост

Latest from Blog

Instagram ја претстави опцијата „Вашиот алгоритам“: корисниците добиваат директна контрола врз препораките

Instagram првпат ќе им овозможи на корисниците директно да влијаат врз темите што им ги препорачува алгоритмот, функција која досега беше препознатлива за TikTok. Новата алатка „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm) најпрво ќе

Работилница на Секторот за сообраќајни работи при МВР за индикатори за безбедност во сообраќајот

Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работилница во чиј фокус беше Нацрт-методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот на патиштата во државата. На работилницата, која започна со воведно

Излезе од печат првата разгледница со народни носии на Македонците од Албанија (ФОТО)

Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“,има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле

Коњановски доби плакета од „Браќа Манаки“ за континуираната поддршка

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски, и извршниот директор Роберт Јазаџиски остварија средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на која беше потврдена силната соработка меѓу фестивалот

Проданоски: Средба со британскиот амбасадор за нови инвестиции и стратешки проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари значајна протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. На состанокот присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Прилеп, како
Go toTop