Раст на бројот на илегални премини во ЕУ во првиот квартал од 2023

April 13, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Агенцијата на ЕУ за заштита на границите, „Фронтекс“, со седиште во полскиот главен град Варшава, соопшти дека бројот на илегални премини во земјите членки на ЕУ во првиот квартал од 2023 година се зголеми за 26 отсто во споредба со истиот период минатата година, односно изнесува 54.000, пренесува Анадолу.

Според соопштението на „Фронтекс“, бројот на илегални премини на границите во 2022 година се зголемил на 330.000, што претставува највисока бројка од 2016 година досега.

Се истакнува дека Средниот Медитеран бил најмногу користена рута за премини во првиот квартал оваа година.

Од оваа рута во земјите членки на ЕУ преминале 27.651 лице, што претставува раст до 305 отсто во споредба со истиот период минатата година. Лицата кои најмногу ја користеле Средномедитеранската рута се државјани на Гвинеја, Пакистан и Брегот на Слоновата Коска.

Втора најмногу користена рута е Западниот Балкан. Бројот на лица кои ја користеле оваа рута е намален за 22 отсто, односно изнесува 14.858. Оваа рута најмногу ја користеле државјаните на Сирија и Авганистан.

Трета најмногу користена рута е Источниот Медитеран. Бројот на лица кои ја користеле оваа рута е намален за 8 отсто, односно изнесува 6.011. Оваа рута најмногу ја користеле државјаните на Сирија, Палестина и Авганистан.

„Фронтекс“ соопшти дека бројот на илегални премини во земјите членки на ЕУ во првиот квартал од 2023 година се зголеми за 26 отсто во споредба со истиот период минатата година, односно изнесува 54.000.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италијанска одбојкарка почина по пад од шести кат на хотел во Истанбул

Следно

Се чистат поголемите православни верски храмови во Скопје

Latest from Blog

УБИЕН ВТОРИОТ ЧОВЕК НА Исламска држава, соопшти Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските сили и Вооружените сили на Нигерија извеле заедничка операција во која е убиен, како што наведе, второрангираниот во глобалната структура на Исламската држава, Абу-Билал

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.
Go toTop