Нема докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад, велат од „Амбер Грид“

January 13, 2023
1 min read

Според првичната проценка нема знаци на напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, велат од компанијата „Амбер Грид“

Засега нема докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад, изјави извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус.

„Не гледаме знаци на некакво потенцијално влијание однадвор. Сите причини ќе бидат истражени и разјаснети во наредните денови“,

рече Бикнијус.

Според првичната проценка, додаде тој, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

Литванскиот оператор на системот за транспорт на гас, „Амбер Грид“, попладнево пријави дека дошло до експлозија на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија.

Операторот на системот истакна дека системот за транспорт на гас се состои од два паралелни гасоводи, при што нагласи дека експлозијата се случила на едниот, додека другиот не е оштетен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360° – Интервју со Касами: Заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е пропаганден трик на ДУИ

Следно

Стефан кој беше застрелан на Божиќ излезе од болница: Семејството и пријателите го пречекаа со солзи и прегратки

Latest from Blog

Коњановски: Со спортот се создаваат здрави генерации и активен живот во Битола (ВИДЕО)

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, испрати силни пораки за значењето на спортот во општеството во рамки на манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година“, која се одржа

Прилеп добива поубав и безбеден кеј и тротоари

Денеска комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ Прилеп завршија со кастрењето на дрвјата по дрворедите на улицата Сотка Горѓиоски, на потегот од старата автобуска станица до раскрсницата Чумовчани. Според планот за работа, во

Трамп ќе го пребои претседателскиот авион- ќе му ја додаде својата омилена боја

Американските воздухопловни сили воведуваат нова палета на бои за својата флота за воздушен транспорт, а ова важи и за авионите од следната генерација „Ер Форс Уан“, кои ќе бидат украсени со црвена,

Go toTop