Италија прогласи вонредна состојба поради зголемениот број мигранти

April 12, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Италија денес прогласи шестмесечна вонредна состојба за да се избори со порастот на бројот на мигранти кои во земјата стигнуваат преку Средоземното Море, пренесува Анадолу.

Владата ја одобри мерката на предлог на министерот за цивилна заштита Нел Мусумечи, објави државната новинска агенција АНСА.

„Да бидам јасен. Ова нема да го реши проблемот. Решението е можно само со свесна и одговорна интервенција на Европската Унија“, рече Мусумечи.

Како што истакна тој, тоа е феномен што досега не е забележан во земјата.

„Островите сами не можат да се справат со оваа вонредна состојба“, додаде тој.

Со воведувањето вонредна состојба можат да се спроведат побрзи процедури и работи за да им се понудат решенија на мигрантите во краток рок и со адекватни стандарди.

Во меѓувреме, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека одлуката има за цел да овозможи поефикасни и навремени одговори за управување со протокот на мигранти.

Во последните недели, Италија бележи значително зголемување на бројот на мигранти и бегалци кои пристигнуваат на нејзините јужни брегови од Северна Африка, при што повеќе од 3.000 пристигнале само во последните три дена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската крајбрежна стража спаси 79 мигранти истуркани назад од грчките сили

Следно

Герасимовски на терен со инспекторите: Инвеститорите мора да градат според одобренијата

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа
Go toTop