Ердоган ја започна трката за задржување на власта – опозицијата е обединета против него

April 11, 2023
1 min read

Турските гласачи се поларизирани со години, но Ердоган е под притисок како никогаш досега. Државата станува се поавторитарна под водството на нејзиниот актуелен лидер кој ја води Турција од огромната палата со голем дел од медиумите контролирани од неговите сојузници, анализира Би-би-си

Официјална фејсбук-страница на Ердоган (Mustafa Kamacı – Anadolu Ajansı)

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган (69), и официјално ја започна изборната трка во која ќе се обиде да ја задржи власта која ја има 20 години.

Тој денеска го претстави манифестот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 14 мај и рече дека целиот муслимански свет го чека исходот.

Овие избори ќе бидат најтешкиот предизвик за актуелниот турски претседател ако се има предвид дека на спротивната страна се шест опозициски партии кои ги здружија силите за претстојните избори.

Изборите доаѓаат во период кога Турција се соочува со зголемена инфлација и се опоравува од разорните земјотреси во кои загинаа околу 50 000 луѓе.

Овие прашања се и во фокусот на кампањата, а Ердоган на Турците им ветува дека ќе ја спушти инфлацијата на едноцифрени бројки, нешто што веќе го ветија и неговите противници.

Турските гласачи се поларизирани со години, но Ердоган е под притисок како никогаш досега. Државата станува се поавторитарна под водството на нејзиниот актуелен лидер кој ја води Турција од огромната палата со голем дел од медиумите контролирани од неговите сојузници, анализира Би-би-си.

Ердоган ја има власта во Турција од 2003 година кога стана премиер, а потоа и претседател во 2014 година. Во 2016 година имаше обид за пуч, по што Ердоган драматично си ги зголеми претседателските овластувања. Претходно, беше и градоначалник на Истанбул со мандат од 1994 до 1998 година.

Еден од најголемите негови ривали е актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу. Тој го победи кандидатот од партијата на Ердоган на изборите во 2019 година, но лани беше осуден на две години затвор со што доби и забрана за политичко дејствување поради наводни навреди упатени кон членовите на Државната изборна комисија.

На изборите за шеф на државата сега на Ердоган ќе му се спротивстави Кемал Киличдароглу (74) кој е од редовите на опозициската Републиканска народна партија, а беше избран за заеднички кандидат на шесте опозициски партии.

Тој беше на чело на партијата во низа изборни порази, но овој пат токму поради единството во опозициските редови, се предвидува дека исходот може да биде и поинаков.

Покрај од обединетиот блок, се смета дека неофицијално на претседателските избори тој ја има поддршката и од прокурдската партија ХДП, која на парламентарните избори, пак, настапува под знамето на партијата Зелена левица со оглед дека самата не може да се кандидира поради судски спор против неа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Демонстранти го прекинаа говорот на Макрон во Хаг: „Претседател на насилството и лицемерието“

Следно

Стефан Ристовски потпиша нов договор со Динамо Загреб

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop