„Шок“ за Барселона: Гави заминува на лето и тоа целосно бесплатно?

April 11, 2023
1 min read

Во неверојатен расплет на случувањата, Барселона би можела да остане без својот „бисер“ Гави, пишува шпански „АС“. Одличниот млад играч за врска на почетокот на годината потпиша нов договор со „Каталонците“ до 2026 година, но истиот би можел да биде раскинат поради големите финансиски проблеми на клубот.

Гави имаше јуниорски договор со Барселона, а потоа потпиша професионален, во кој има клаузула од 1 милијарда евра. Барселона имаше рок до крајот на јануари да го регистрира за продолжението на сезоната, но само ако неговата плата успее да „влезе“ во финансискиот фер плеј.

Барселона тоа едвај го направи во последниот ден од преодниот рок, но Ла Лига ја одби приложената документација и одби да го регистрира играчот. Барселона се жалеше и успеа да обезбеди одложување на одлуката.

Според најновите информации, клубот мора до 30. јуни да го намали буџетот за плати за дури 200 мииони евра. Ако Барса не го стори тоа, ќе ја поништи регистрацијата на Гави и тој ќе биде слободен играч.

„АС“ пиштува дека Барселона нема повеќе простор и речиси е невозможно нешто да се промени, додавајќи дека Гави веќе не е задоволен со овој статус и дека и самиот тој размислува за заминување.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пропаѓа американскиот производител на садови за складирање храна

Следно

Германија ја протерува амбасадорката на Чад

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop