„Плачи, твоето дете нема да се роди“: Оваа реченица е причината за тепачката меѓу славните фубалери?!

April 9, 2023
1 min read

Шпанскиот фудбалер и член на Виљареал, Алекс Баена, демантираше денеска преку социјалните мрежи дека го испровоцирал физичкиот напад од играчот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навредувајќи го, наводно, во врска со неговото неродено дете.

-Навистина сум среќен поради фантастичната победа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но во исто време и многу сум тажен поради нападот што го претрпев после натпреварот. Изненадувам сум што се зборува за мене. Апсолутно не е вистина дека тоа сум го рекол, напиша Баена на социјалните мрежи.

Валверде по поразот на Реал (2-3) во Мадрид од Виљареал го сочека Баена на паркингот и неколку пати го удри, а шпанските медиуми пренесуваат дека повод биле навреди од претходниот меѓусебен дуел на двајцата играчи на теренот.

Медиумите тврдеа дека Баена тогаш му рекол на Валверде: „Плачи, бидејќи твоето дете нема да се роди“.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска го суспендира увозот на украинско жито најмалку до јули

Следно

Карим Бензема донесе одлука за неговата иднина во Реал Мадрид

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop