(ВИДЕО) Се урна зграда во Марсеј по силна експлозија, најмалку пет лица се повредени

April 9, 2023
1 min read

Причина за несреќата во центарот на Марсеј во Франција, која се случила околу еден часот по полноќ и која досега однесе пет животи, според шефот на марсејската полиција Кристоф Мирман, е силна експлозија која предизвикала огромен пожар. Пожарникарите неколку часа неуспешно се обидуваат да го изгаснат пожарот, па затоа се стравува дека бројот на загинати би можел да биде поголем.

„Треба да се подготвиме дека може да има уште жртви во оваа страшна драма“,

рече градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан.

Повредени се пет лица од соседната зграда. Затворена целата област околу зградата и повеќе улици. Во спасувањето учествуваат над 100 пожарникари, полицајци и граѓани спасувачи.

„Имаме стотина луѓе на терен, приоритет е да се изгасне пожарот и да се отстранат рушевините, за да можеме да започнеме со извлекување на затрупаните лица“,

рече претставник на пожарникарите.

Станарите од соседната зграда се евакуирани и сместени во училиште во близина на местото на несреќата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Какво време нé очекува за трите продолжени викенди кои следат?

Следно

Голем пожар во Хамбург, градот се гуши во чад (ВИДЕО)

Latest from Blog

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop