Мечка усмрти маж во северна Италија

April 8, 2023
1 min read

ТРСТ (АА) – Дваесет и шестгодишен рекреативец пронајден е мртов во близина на шумската патека во северната италијанска покраина Тренто, каде го нападнала и убила мечка, пренесува Анадолу.

Причината за смртта на локалниот џогер утврдена е по спроведената обдукција, а локалните власти потврдија дека телото е пронајдено доцна вечерта во четвртокот во долината Вал ди Соле, популарна дестинација на излетниците и туристите.

„Мечката мора да биде пронајдена и усмртена за да се гарантира јавната безбедност, изјави претседателот на Автономната Покраина Тренто, Марио Фугати, на вчерашниот состанок на одборот за јавен ред и безбедност.

Околу 100 мечки живеат во планинските и шумски предели на северна Италија, а во последно време сè почесто доаѓаат во населените места или излетишта.

Десетина нови мечки во 1999 година донесени се во тоа подрачје од Словенија во рамките на проектот на Европската Унија „Life Ursus“ за да се заштити видот од изумирање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вооружени напаѓачи киднапирале најмалку 80 луѓе во северозападна Нигерија

Следно

Кина започна со воени вежби во Тајванскиот теснец

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop