Пад на вредноста на доларот четврта недела по ред

April 8, 2023
1 min read

Минатата недела еврото зајакна во однос на доларот шеста недела по ред, бидејќи разликата меѓу каматните стапки во САД и еврозоната се очекува да се намали оваа година. Толку долг период на пораст на еврото не е забележан од 2020 година

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на другите валути, минатата недела повторно падна, четврти пат по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 102,09 поени.

Истовремено, доларот е ослабен за 0,6 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0905 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,5 отсто, на 132,15 јени. Индексот на доларот ослабе и минатата недела, бидејќи инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка се ближи кон крајот.

Најновите макроекономски податоци покажуваат дека растот на американската економија постепено забавува, дека инфлаторните притисоци се намалуваат, дека потрошувачката полека слабее и дека пазарот на труд постепено се „лади“. А тоа значи дека ФЕД наскоро би можел да го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика.

Инвеститорите стравуваат од рецесија на американската економија, со оглед на агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД во текот на изминатата година, па во средината на неделата индексот на доларот падна на најниските нивоа во последните два месеци, далеку под 102 поени. Но, на крајот на неделата малку се опорави.

Минатата недела еврото зајакна во однос на доларот шеста недела по ред, бидејќи разликата меѓу каматните стапки во САД и еврозоната се очекува да се намали оваа година. Толку долг период на пораст на еврото не е забележан од 2020 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов кружен тек и нови два моста за полесен и побезбеден сообраќај во овој дел од Скопје

Следно

Уапсени две малолетнички кои краделе од Трговски центар во Гази Баба

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop