Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк

April 4, 2023
1 min read

Во градот се преземаат засилени безбедносни мерки во очекување на протести пред судот во Долен Менхетн, каде што Трамп треба да се појави во 20:15 часот по македонско време, за кога е закажано првото сослушување

Пред „Трамп кулата“ во Њујорк / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Доналд Трамп денеска треба да се појави во пред судот во Њујорк под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година ѝ платил 130 000 долари на порноѕвездата Сторми Даниелс во замена таа да молчи за нивната афера.

Трамп на судењето нема да биде донесен со лисици на рацете, според договорот што неговиот правен тим го постигна со окружниот обвинител на Менхетн, Алвин Брег, пренесува „Гардијан“.

Во градот се преземаат засилени безбедносни мерки во очекување на протести пред судот во Долен Менхетн, каде што Трамп треба да се појави во 20:15 часот по македонско време, за кога е закажано првото сослушување. Тогаш конечно ќе се дознае и со какви обвинувања се соочува, чија бројка, според американските медиуми, се движи од едно до 30.

Адвокатите на Трамп веќе кажаа дека тој ќе се изјасни како невин. Доколку Трамп се изјасни за невин, судијата ќе закаже дополнително сослушување или судење.

Се очекува тој прво да му се предаде на окружниот обвинител на Менхетн, Алвин Брeг, по што ќе биде спроведен во судот.

Судијата Хуан Мерчан забрани употреба на дигитални уреди во судницата на сослушувањето на Трамп, но ќе дозволи да се направат неколку фотографии пред да започне сведочењето.

Судијата рече дека мобилните телефони и лаптопите не можат да се користат во судницата за време на сослушувањето на поранешниот американски претседател, а камерите ќе бидат дозволени во ходникот пред да започне судењето.

По сослушувањето, Трамп наводно веднаш ќе се врати на Флорида каде што блиски извори до него најавуваат дека ќе учествува на настан на кој ќе се обрати јавно.

Трамп е првиот актуелен или поранешен претседател на САД против кого се води кривична постапка, а исплатата за која се гони била направена во 2016 година непосредно пред претседателските избори на кои тој победи.

Ваквиот тип исплати не се забранети во САД, но она што обвинителите сакаат да го докажат е дека за да ѝ плати на порноактерката, во замена за нејзиното молчење, Трамп ја фалсификувал финансиската евиденција што е казниво во државата Њујорк.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје се вози брзо и без возачка дозвола: Изречени 214 казни за возачите

Следно

Огромен пожар на пазар во Дака, ангажирани се стотина пожарникари

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop