Столтенберг: Русија не го менува својот нуклеарен став

April 3, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не видела никакви промени во нуклеарниот став на Русија.

– Досега не видовме никакви промени во нивниот нуклеарен став, што бара каква било промена во нашиот нуклеарен став, изјави Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.

Русија на 25 март постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ, рече Путин и додаде дека Америка стационирала нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници.

Путин истакна дека изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе биде завршена на 1 јули и додаде дека Русија помогнала да се модернизираат белоруските воени авиони за да можат да носат нуклеарно оружје.

Рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов синоќа изјави дека руското тактичко нуклеарно оружје ќе биде распоредено во близина на белоруската граница со соседите на НАТО.

Гризлов, говорејќи за белоруската државна телевизија, рече дека руското нуклеарно оружје ќе биде „поставено поблиску до западната граница на нашата сојузничка држава“, но не даде прецизна локација.

– Тоа ќе ги прошири нашите одбранбени способности и ќе биде направено без оглед на вревата во Европа и САД, додаде Гризлов.

Белорусија дели 1.250 километри граница со членките на НАТО – Летонија, Литванија и Полска.

Тактичкото нуклеарно оружје има релативно мал дострел и значително помала моќност во споредба со нуклеарните боеви глави кои се вградени во стратешките ракети со долг дострел. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделени пехарите и медалите на најдобрите шахисти на турнирот во Гази Баба

Следно

У19: Македонските фудбалерки подготвени за УЕФА квалификацискиот турнир во Скопје

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop