Папата Франциск излезе од болница – јадел пица и крстил бебе додека бил хоспитализиран

April 1, 2023
1 min read

Папата беше хоспитализиран во средата откако неколку денови имал проблеми со дишењето. Потоа од Ватикан посочија дека тој се лекува од бронхитис и прима терапија со антибиотици

Папата Франциск при излегувањето од болница / Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Папата Франциск (86) денеска ја напушти болницата во Рим каде беше хоспитализиран во понеделникот поради проблеми со дишењето.

Како што соопшти Ватикан, тој се лекувал од бронхитис.

За време на престојот во болницата една вечер тој јадел пица со медицинскиот персонал, а крстил и едно бебе во педијатриското одделение.

Тој, според најавите, ќе биде присутен и на плоштадот „Свети Петар“ на Цветници на почетокот на Светата недела, но не е познато дали тој ќе ја држи мисата.

„Медицинскиот тим што ја следи неговата состојба, откако го оцени резултатот од тестовите извршени денеска и поволното клиничко закрепнување, потврди дека тој може да биде отпуштен од болница“,

изјави синоќа портпаролот на Ватикан Матео Бруни.

Папата беше хоспитализиран во средата откако неколку денови имал проблеми со дишењето. Потоа од Ватикан посочија дека тој се лекува од инфективен бронхитис и прима терапија со антибиотици.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Апсење на „Табановце“: Скопјанец фатен со 1.120 метални монети

Следно

Портпаролот на Кремљ: Странските новинари во Русија немаат од што да се плашат ако не се шпиони

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop