Оштетата за црнците од Калифорнија би стигнала некаде до 800 милијарди долари

March 30, 2023
1 min read

Сумата од 800 милијарди која се разговара е 2,5 пати повеќе од годишниот буџет на Калифорнија од 300 милијарди долари, и не го вклучува дополнителниот 1 милион долари за секој постар црнец заради здравствените нееднаквости кои ги има претрпено во текот на својот живот и му го има скратено животниот век.

Пресметката за сега доаѓа од економисти кои се консултирани од тамошниот панел кој ја разгледува можноста за репарации, и не е гарантирано дека тие некогаш ќе бидат прифатени како официјални.

Панелот има рок до 1 јули да одлучи која сума ќе им ја препорача на законодавците од Калифорнија за тоа колку сојузната држава треба да плати за системските неправди кон своето црнечко население.

Овие што ги бендисува сумата од 800 милијарди објаснуваат дека таа го покажува долгорочното страдање што црните Американци го претрпеле во Калифорнија и покрај тоа што државата никогаш не дозволувала робовладетелство. Овие што не ги бендисува порачуваат дека Калифорнија никогаш не дозволила чување робови и дека денешните даночни обврзници не треба да одговараат за штетата која потекнува од настани од пред стотици години.

Парите се само дел од пакетот кој треба да компензира за генерациските неправди што ги трпеле црнците во Калифорнија. Другите мерки предвидуваат плаќање на затворениците регуларна дневница за нивниот труд, отворање на бесплатни велнес центри и садење повеќе дрвја во црните заедници.

Панелот беше основан во 2020 од страна на гувернерот на Калифорнија по протестите по смртта на Џорџ Флојд.

Паралелно со активностите на Калифорнија и неколку градови почнаа на своја рака да зборуваат за репарации. Меѓу нив посебно се истакнува Сан Франциско кој препорачува исплата по 5 милиони долари, гарантиран годишен приход од 97.000 долари и бришење на сите лични долгови за сите лица кои ќе се квалификуваат.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска – Стојчевска: Сите треба да си ги остварат правата, го поддржувам она што го бараат вработените во министерството

Следно

Мијалков се спаси во „Титаник 2“ – се одложи седницата во Апелација и се „запечати“ застарувањето на делото

Latest from Blog

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата
Go toTop