Фергусон и Венгер во Куќата на славни на Премиер лигата

March 29, 2023
1 min read

Легендарните фудбалски стратези Алекс Фергусон и Арсен Венгер се примени денеска во Куќата на славни на Премиер лигата со што станаа први тренери со такво признание.

Сер Алекс Фергусон е најуспешниот тренер во историјата на Премиер лигата предводејќи го Манчестер јунајтед од 1986 до 2013 година и во тој период на клубот од „Олд Трафорд“ му донесе 13 шампионски титули.

На 810 натпревари колку што Фергусон го предводеше Манчестер јунајтед во Премиер лигата забележа 528 победи што е апсолутен рекорд на лигата.

„Навистина сум пресреќен поради ова признание, кое не е само мое. Зад сето тоа стојат целиот клуб, тогашното клупско раководство, моите помошници во стручниот штаб и, секако, играчите“, изјави 81-годишниот Фергусон по повод признанието.

Французинот Арсен Венгер (73) седеше на клупата на Арсенал 22 сезони во континуитет од 1996 до 2018 година, што е тренерски рекорд во Премиер лигата. Венгер со 828 натпревари на клупата на лондонскиот клуб, исто така, го држи рекордот на лигата во која забележа 476 победи. Освои три шампионски титули со Арсенал од кои особен ќе остане запаметена титулата во сезоната 2003/04 која клубот ја освои без пораз.

„Им благодарам на сите за ова огромно признание. Би сакал да останам запаметен како тренер и човек кој исклучително многу го сакаше Арсенал, личност која ги почитуваше вредностите на клубот, но, истовремено, и го остави во позицијата од која може да напредува и да биде сè подобар“, рече Венгер по повод приемот во Куќатa на славни на англискиот клупски фудбал.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Потребна ни е и брза и коректна примена на договорот со Србија

Следно

Португалија ја суспендира програмата „Златни визи“

Latest from Blog

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Коњановски: Да чекориме истрајно напред, водени од борбата и идеалите на револуционерите

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев во дворот на Музејот во Битола беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претставници на

ВЛЕН: Од нови амбулантни возила до инвестиции во образованието

ВЛЕН ги претстави како резултати од своето владеење одлуките и активностите во изминатата недела, меѓу кои решението за професионалните војници по навршувањето 45 години, набавката на нови амбулантни возила, поддршката за земјоделците

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота
Go toTop