„Анимал војсис“: Мерко лично ни кажа дека ќе излезе на улица и ќе убива кучиња – струшкиот градоначалник им врати: Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња?

January 12, 2023
2 mins read

Од здружението „Анимал војсис“ ја информираа јавноста дека имале средба со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на која присуствувале и директорот на ЈКП „Комунално” Струга и инспектор за животна средина. На средбата, според „Анимал војсис“, Мерко рекол дека „лично ќе излезе на улица и ќе ги убива кучињата“, односно дека „до сега ќе ги иструел ама не можел да најде отров“.

Активисти за заштита на животните, утре во 16 часот, пред Владаттаа, ќе организираат протест „за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња“. Ваквиот повик доаѓа откако маж од струшко со пушка усмрти десетина улични кучиња во Струга.

„Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга. Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи! Дојдете во петок со транспаренти, со свирчиња, со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души. Нема да прифатиме ова да биде новата нормланост. При здрав разум се правиме глупави, а психопатите ги ‘превземаат работите во свои раце’. Не решаваат ништо освен да ја задоволат нивната потреба за изживување врз животни! Доста беше!“,

се вели во повикот објавен на социјалната мрежа Фејсбук.

Во меѓувреме, од здружението „Анимал војсис“ ја информираа јавноста дека имале средба со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на која присуствувале и директорот на ЈКП „Комунално” Струга и инспектор за животна средина. На средбата, според „Анимал војсис“, Мерко рекол дека „лично ќе излезе на улица и ќе ги убива кучињата“, односно дека „до сега ќе ги иструел ама не можел да најде отров“.

„На средбата ги истакнавме нашите предлози, како да се реши проблемот, се потрудивме да најдиме заедничко решение со кое би им помогнале на животните и граѓаните на Општина Струга, но бевме буквлано избркани! Градоначалникот директно и отворено ни кажа дека тој лично ќе излези на улица и ќе ги убива кучињата по кратка дискусија на тема решавање на проблемот, дека тој до сега ќе ги иструел ама неможел да најди отров по што веднаш поднесовме пријава до СВР Струга‼️ Од тука може да видиме какви луѓе ја водат општината, какви луѓе се на власт и зошто нема напредок во општините“,

напишаа од „Анимал војсис“ на Фејсбук.

Ваквите информации ги демантираше Мерко.

„Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област. Вака, како што досега функционираат работите на темата со улични кучиња, гледаме дека се вртиме во круг, а проблемите се повторуваат“,

изјави струшкиот градоначалник за „Фокус“ нагласувајќи дека лично го осудува настанот со пукањето во Струга.

Тој бара од државата да го реши проблемот за кој биле предвидени десети илјади евра во општината, откривајќи дека лани имало тендер за заловување на кучиња во Струга на кој никој не се јавил.

Меѓу барањата на утрешниот протест кој ќе биде одржан во Скопје се и обезбедување 250 бесплатни кастрации или стерилизации месечно, микрочипирање, зголемување на бројот на инспектори во АХВ, зголемување на казните, забрана за оплодување на домашните миленици, освен за легално регистрираните одгледувачници, формирање посебна полиција за животни и изградба на азил за кучиња во секоја општина.

Коментирајќи ги проблемите со бездомните кучиња, премерот Димитар Ковачевски најави дека иако овој проблем не е во надлежност на државата ќе се побара помош од Брисел преку ИПАРД-програмите да биде изграден стационар во кој ќе се згрижуваат кучињата скитници.

„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел, со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД-програмите и доколку може да се направи некој модел на стационар што ќе биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да им помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем“,

рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на РЕК „Битола“.

Проблемот со бездомните кучиња премиерот го оцени како многу голем, а нагласи оти градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, „како што не се занимаваат со многу работи што им се во надлежност“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Смеењето е здравје, а Кате несебично го раздаваше тој чудесен лек каде и да се најдеше, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата во МНТ

Следно

Лула да Силва: За сто дена земјата ќе функционира со нормална брзина

Latest from Blog

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS, кое укажува на растечко незадоволство меѓу

Марковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него

Трагичното лето: Наместо да потпише договор на кариерата со Барса, се соочува со пауза од неколку месеци!

Летото кое можеше да му донесе трансфер во кариерата на Ели Џуниор Крупи се претвори во вистински кошмар. Младиот напаѓач на Борнмут беше подложен на операција на стапалото. Според информациите тој ќе

Почина и шестиот пациент од легионела- болеста се шири низ Њујорк

Вкупниот број на потврдени случаи достигна 90, објави вчера градскиот здравствен оддел, пренесува ABC News. Според официјалните податоци, од 17 јули не се регистрирани нови случаи. Во моментов, шест лица се хоспитализирани,

Да ѝ помогнеме на Теодора, 24-годишна мајка на бебенце од само 18 месеци

Започна хуманитарна кампања за собирање средства за лекување на 24-годишната Теодора Ампова од Македонија, која веќе неколку месеци води тешка битка со метастатски карцином на ректум, болест која се проширила и на
Go toTop