САД и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарното оружје

March 29, 2023
1 min read

Новиот договор за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ) првично беше потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев. Договорот ги ограничува двете земји на не повеќе од 1 550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени проектили и бомбардери

Во февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во договорот и нема да ги почитува неговите одредби

Соединетите Американски Држави и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарното оружје, што треба да го прават двапати годишно според новиот Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ).

Претставници на Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот соопштија дека САД ѝ ги понудиле овие информации на Русија откако претседател Владимир Путин го суспендира руското учество во овој договор минатиот месец, но Москва го информирала Вашингтон дека нема да ги сподели своите информации.

„Затоа, поради непочитувањето на своите обврски од договорот, САД нема да ги споделуваат своите податоци со Русија за да ја охрабрат да се врати на обврските од договорот“,

изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Белата куќа, која претходно ја обвини Русија за повеќекратно прекршување на договорот, рече дека одбивањето на Русија да ги почитува условите е правно неважечко и дека одлуката за задржување на податоците е уште едно прекршување на договорот.

Новиот договор за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ) првично беше потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев. Договорот ги ограничува двете земји на не повеќе од 1 550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени проектили и бомбардери.

Договорот, исто така, предвидува сеопфатни инспекции за да се утврди усогласеноста со одредбите, но тие се во мирување од 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.

Разговорите за продолжување на инспекциите требаше да се одржат во ноември 2022 година, но Русија нагло ги откажа наведувајќи ја американската поддршка за Украина.

Во февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во договорот и нема да ги почитува неговите одредби.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Изречени 152 казни за возачите во Скопје

Следно

Блинкен: Целта на Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да ја апсорбира во Русија

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop