Стручниот и обдукцискиот извештај треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

March 28, 2023
1 min read

Во тек е стручен надзор, а во меѓувреме се очекува извештајот од обдукцијата за смртта на шестгодишното девојче во Битола, по што може да се каже каква била причината за смртта на девојчето, изјави денеска на собраниска седница заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

Манолева одговараше на прашање на пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека некој мора да сноси одговорност доколку ја има за смртта на девојчето, но и за битолаченост кој почина од цистична фиброза

-Завршен е вонредниот инспекциски надозр на ДЗСИ, во теке е стручен надзор кој го иницираше Министерството за здравство, а во меѓувреме се очекува и обдукциониот наод којшто треба да ја даде точната причина за смртниот исход на шестгодишното девојче. Согласно сите овие информации и по доставување на институциите дури тогаш можеме да кажеме за каква причина за смрт за шестгодишното девојче се работи, рече Манолева.

Заменик-министерката за здравство одговарајќи на пратеничко прашање за набавката на „трикафта“ и ослободување на болните од цистична фиброза, рече дека по донесување на измените на соодветниот закон во Министерството за здравство е формирана работна група која ќе работи околу препораките за пациентите кои треба да примаат лек за цистична фиброза и на правилници за да може да се импелемнтира законот за директно преговарање и набавка на лекот трикафта за цистична фиброза, рече Манолева.

Во однос на ослободувањето од партиципација на овие болни над 26 години, рече дека следуваат измени во Законот за здравствено осигурување за што рече дека ќе се потруди да бидат ставени во него.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Седуммина повредени во верижен судир во Србија

Следно

ИЛО: Приближно 828.000 луѓе во Турција и во Сирија изгубија работа по земјотресите

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop