Мартинез: Фактите велат дека Роналдо е уникат

March 27, 2023
1 min read

Кристијано Роналдо ја продолжи својата добра голгетерска форма и вчера постигна уште два погодоци во победата на Португалија, селекција која прилично лесно отвори на првите два меча на Роберто Мартинез како предводник на тимот.

Португалците немаа никакви проблеми против Лихтанштај и Луксембург и дадоа вкупно 10 гола на двата меча, од кои шест вчера на гостувањето на „Стад де Луксембург“.

Два беа дело на искусниот Роналдо, кој својот рекорд како играч со најмногу настапи за една светска репрезентација го прослави на најдобар можен начин.

Иднинаната на капитенот во селекцијата беше доведена во прашање по крајот на мундијалот во Катар, но заминувањето на Сантош отвори ново поглавје за Кристијано, кој сега брзо успеа да го воодушеви новиот селектор.

– Кристијано има уникатно искуство на интернационално ниво. Тој е пример во соблекувалната, подготвен е да го води тимот и да биде капитен на оваа селекција. Фактите велат дека Роналдо е уникат.

– Тој има најголем број на интернационални натпревари за една репрезентација во светот, ни носи искуство и е важен за тимот во соблекувалната. Имаме млади играчи, но и искуство со Роналдо, Руи Патрисио и Бернардо Силва,  вели Мартинез.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени 18 лица по инцидентот на дербито меѓу Вардар и Пелистер

Следно

Антверп повторно кокаинска престолнина на Европа

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop