Ал КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, вчера повика на запирање на планот за реформа во судството поради протестите што се организираат заради планираните промени, известува Анадолу.
Последните недели во Израел се одвиваат масовни протести поради планот на Владата на Бенјамин Нетанјаху за реформи во судството, кои опозицијата ги смета како обид за намалување на овластувањата на судството во корист на извршната власт.
„Никогаш не сум се сретнал со интензитет на лутина и болка како сега. Раздорот во општеството продира во војската и тоа е непосредна и опиплива опасност по безбедноста на државата. Нема да дигнам рака за тоа“, рече Галант.
Според неговите зборови, процесот на реформи мора да биде запрен.
„Потребна ни е промена во судството, но големите промени мораат да бидат направени со дијалог“, истакна Галант.
Извор: www.aa.com.tr