Почина ко-основачот на Интел, Гордон Мур

March 25, 2023
1 min read

Гордон Мур, ко-основачот на Интел, производител на полупроводници, почина вчера на 95-годишна возраст, објави неговата поранешна компанија.

Интел процесорите се наоѓаат во 70 отсто од персоналните компјутери во светот.

Мур, доктор по хемија, ја основаше НМ Електроникс во 1968 година заедно со физичарот Роберт Нојс, познат како „градоначалникот на Силициумската долина“. Неколку месеци подоцна двајцата го откупија името Интел за 15.000 долари. Мур беше генерален менаџер на компанијата од 1979 до 1987 година.

Интел го пушти во продажба својот прв микропроцесор во 1971 година, програмабилен процесор кој содржи илјадници транзистори, што беше револуционерно. Денес Интел е најголемиот производител на полупроводници во САД и трет во светот по промет, зад јужнокорејскиот Самсунг и тајванскиот TSMC.

Во 1965 година, Мур забележа дека, благодарение на подобрувањата во технологијата, бројот на транзистори на микрочипови речиси се удвојува секоја година откако интегрираните кола беа измислени неколку години порано.
Неговото предвидување дека трендот ќе продолжи стана познато како „Муровиот закон“. Подоцна, законот беше ревидиран, со што беше прецизирано дека удвојувањето на бројот на транзистори се случува на секои две години, а не секоја година.

„Муровиот закон“ им помогна на Интел и конкурентските производители на чипови агресивно да ги фокусираат своите ресурси за истражување и развој за да се осигураат дека правилото е имплементирано.

„Интегрираните кола ќе доведат до такви чуда како домашни компјутери – или барем терминали поврзани со централен компјутер – автоматски контроли за автомобили, како и лична пренослива комуникациска опрема“, напиша Мур во својата работа две децении пред револуцијата на персоналниот компјутер и повеќе од 40 години пред Епл да го лансира ајФон.

Овој вид на развој овозможи да се демократизира информатиката и електрониката, пред сè со персонални компјутери, потоа со разни уреди до мобилни телефони.

„Светот загуби џин во Гордон Мур, еден од основачите на Силициумската долина и вистински визионер кој го отвори патот за технолошка револуција“, напиша извршниот директор на Епл, Тим Кук.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Румен Радев – човекот на Кремљ, коментираат бугарските медиуми

Следно

Засадени нови 50 садници во Лисиче

Latest from Blog

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба

Меџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против топлотниот бран

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Коњановски: Создаваме систем што ги вклучува сите деца

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на завршната конференција на проектот „Никој зад“, чија главна цел е зголемување на учеството на децата и младите со попреченост во спортските активности, промоција на
Go toTop