Уште двајца кинески фудбалски раководители под истрага за корупција

March 24, 2023
1 min read

Двајца високи претставници на кинеската Фудбалската федерација (ЦФА) се под истрага за „сериозно кршење на законот“, термин кој вообичаено во Кина алудира на корупција.

Како што соопшти денеска Генералниот комитет за спорт, највисокото спортско тело во Кина, под истрага се шефот на Одделот за натпреварување и шефот на Дисциплинската комисија на ЦФА, Хуанг Сонг и Ванг Сјаопинг.

Тие се последните во низата фудбалски раководители кои се вмешани во овој случај од ноември, меѓу кои и претседателот на ЦФА, Чен Сујуан.

Кинескиот претседател и лидер на Комунистичката партија Си Џипинг постави за цел Кина да стане фудбалска велесила, но големите суми пари вложени во ангажирање звучни меѓународни фудбалери во кинеското првенство не донесеа резултат. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР молчеше три дена, а по објавата на КУРИР, го призна скандалозниот случај во Битола за човекот со изгорени органи

Следно

Ердоган на церемонијата на поставување камен-темелник на изградбата на станови и државни болници во областа Хатај

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop