Фон дер Лајен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина

March 24, 2023
1 min read

Во партнерство со Украинците, полскиот премиер Матеуш Моравјецки и јас покренавме иницијатива за враќање на децата киднапирани од Русија, рече Фон дер Лејен на прес-конференција

Европската Унија ќе организира конференција за лоцирање на децата од Украина кои беа киднапирани од Русија и ќе ги врати во нивната татковина, најави во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Тоа е страшно потсетување на најмрачните периоди од нашата историја, на депортациите на децата што се случуваат таму. Тоа е воено злосторство. Знаеме дека 16.200 деца беа депортирани, само 300 од нив се вратија“,

изјави претседателката на ЕК по самитот во Брисел.

Во партнерство со Украинците, полскиот премиер Матеуш Моравјецки и јас покренавме иницијатива за враќање на децата киднапирани од Русија, рече Фон дер Лејен на прес-конференција.

„За таа цел ќе организираме конференција (…) сакаме да извршиме меѓународен притисок за да ги преземеме сите можни мерки за пронаоѓање на овие деца“,

изјави таа по завршувањето на првиот ден од дводневниот самит на 27-те земји-членки на Унијата.

На редовниот пролетен состанок кој започна со работен ручек со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за клучните геополитички и глобални предизвици, лидерите на земјите-членки на ЕУ во четвртокот ја поддржаа одлуката за итно испраќање милион парчиња артилериска муниција во Украина преку заедничка набавка.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

МКС, исто така, издаде налог за апсење на Марија Лавова-Белова, руски комесар за правата на децата, под истите обвиненија. Русија никогаш не го криеше фактот дека однесе илјадници украински деца во Русија, што го оправда со спроведување на хуманитарна акција за заштита на сирачињата и напуштените деца во зоната на конфликтот.

Украина, од друга страна, тврди дека илјадници депортирани украински деца се посвоени од руски семејства, сместени во кампови и сиропиталишта, дека на децата им се даваат руски пасоши и се воспитуваат да го одбијат украинското државјанство.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на две изданија на списанието „Филозофска трибина“ ќе се одржи во КИЦ

Следно

Американски воздушни напади во Сирија: Ова е одмазда

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop