Мицкоски: Точно е дека има притисоци за уставни измени, но јас нема да попуштам ниту милиметар – ова не е инает, туку одбрана на државен интерес

March 23, 2023
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси.

-Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме, потенцира Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ставот го кажа уште во 2022 година и дека оттогаш ништо не е променето.

-Нашата позиција беше јасна уште на онаа прес конференција на 28 април 2022 година. Тука не поставиме простор никој да има дилема, втората точка од таа прес конференција беше формирање на тимови кои ќе преговараат со Бугарија и вклучување на тимови од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе работат про-боно да и помогна на владата. Затоа што замислете го Ковачевски поставен во јануари 2022, неизбран од народот, веќе во април стигнува информации дека нешто се пдоготвува, зилеговме во јавност у понудивме решение и прашуваме дали овој човек имал воопшто информации за процесот. Секако тој не е вториот Кисинџер да може за 3 месеци да направи нешто со кое сите ќе бидеме задоволни затоа понудивме луѓе кои ќе помагаат, за жал бевме одбиени, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека потоа имаше средба заедно со потпретседателот Николоски заедно со пратеникот Милошоски со Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски на кој власта повторно изнесе плитки аргументи и не сакаше да ги прифати аргументите на ВМРО-ДПМНЕ:

– Бидејќи ги следам пораките кои доаѓаат од СДСМ да сме се вклучеле да работиме на уставните измени и да сме аргументирале тоа за кое ние сме биле против, може тие имале спротивни аргументи. Седевме на тој состанок ги кажавме аргументите, а од другата страна не добивме контрааргументи, туку констатиравме дека нивните аргументи се плитки. Тие одлучија да влезат во авантура и да се создаде проблем, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Борел: Секој обид договорот од Охрид да се доведе во прашање ќе биде залуден

Следно

Сопственикот на српски „Информер“ оди во затвор

Latest from Blog

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на

Следната сабота е Митровденска задушница

Православните христијани следната сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Лабудовиќ обвини за брутална бетонизација: Дали Герасимовски ставил потпис на 80 нови дозволи за градба во Центар?

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ го впери прстот кон својот противкандидат во вториот круг од изборите – актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, посочувајќи го како креатор на она што се случува
Go toTop