Арсовска и СДСМ потонаа во приказните на медот, потпишан истиот грант кој Перински го водеше

March 23, 2023
1 min read

Потонаа уште една приказна на скопската градоначалничка Данела Арсовска за тоа како што таа тогаш рече „рачињата во медот“. Иако и тогаш се укажуваше, сепак сега се потврди дека Арсовска непотребно го разрешила тогашниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински.

Дојде крајот на целата драмолетка која ја правеше градоначалничката на Скопје, а за која доби поддршка од СДСМ која единствено собираше политички поени од обвинувањата од Арсовска.

Вчера се потврди дека немало ништо погрешно од страна на Перински и со потпишувањето на грантот од Европската инвестициона банка за пречистителната станица во Скопје, всушност се потпиша истото што го водеше Перински.

Арсовска го потпиша тоа за кое пред половина година креваше драма, измислуваше приказна за медот и непотребно разрешуваше.

Иако уште тогаш од страна на ЕИБ за медиумите беше потврдено дека Перински се водел строго процедурите, за Арсовска се правеше како да не постојат тие изјави.

Од ЕУБ тогаш беше соопштено дека од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата, како и дека набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки.

Воедно тие рекоа и дека обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во таа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата.

Иако Арсовска само „си купи“ 6 месеци со своите обвинувања, еве дојде на ред потпишувањето.

Вчера се потпиша истиот грант за кој Арсовска обвинуваше што сега се потврди дека е лажно, а потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова изјави дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред.

И откако потонаа приказните, сега се поставува друго прашање, дали Арсовска имаше намера да си постави свои членови во Евалуациската комисија за тендерот и преку нив да влијае за избор на своја компанија и затоа беа тие политички драмолетки пред 6 месеци? Наместо да се работи, скопјани непотребно мораа да следат некаква си драма, која на крајот испадна лажна. А откако испадна лажна и беше потпишан истиот грант за пречистителната станица Арсовска должи одговори, но и одговорност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе луѓе во Холандија бараат евтаназија, одобрени се 1.240 барања

Следно

Мурињо постави ултиматум до раководството на Рома

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop