Екипата на Хал Сити обезбеди пласман во Премиер лигата откако денес на стадионот „Вембли“ го победи Мидлсброу со 1-0 во финалето на плејофот.
Хал се врати во елитната конкуренција на англискиот фудбал по девет години пауза.
Првото полувреме не донесе многу возбудувања сè до последната минута пред паузата кога Мекберни ја погоди пречката од голот на Мидлсброу. Второто полувреме започна со одлична шанса за Мидлсброу во 48-та минута кога Фрај речиси беше надвор од голот.
Потоа повторно играа исклучително внимателно и цврсто, и кога сите го чекаа последниот свиреж на судијата, стадионот експлодираше.
Во петтата минута од судиското продолжение, Мекберни погоди за водство по едн аодбиена голманска топка. Мидлсброу не успеа да се опорави од овој шок, а Хал ја почна големата прослава.
Hull City 1-0 Middlesbrough – Oli McBurnie 90+5′
by
u/977x in
soccer
Извор: vecer.mk


