НОВА ОДЛУКА за запишување во средните медицински училишта во Македонија

March 22, 2023
1 min read

Министерството за образование и наука ги извести сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување почнувајќи од мартовската испитна сесија.

Како што информира МОН, претходно запишаните вонредни ученици продолжуваат со полагањето на предвидените испити, но во следниот период нема да може да се запишуваат нови.

Редовни ученици, пак, ќе можат да се запишуваат вообичаено во текот на јуни, а согласно квотите кои ќе бидат утврдувани во конкурсите за уписи во јавни средни училишта.

-Одлуката на МОН првенствено е од интерес на процесот на создавање квалитетен медицински кадар. За разлика од редовните ученици кои освен теоретската, имаат и ефективна практична настава по стандарди утврдени во наставните планови и програми, за вонредните ученици по медицина, можностите за пракса во реални услови се значително ограничени, стои во соопштението.

Оваа одлука, како што се наведува, е во согласност со напорите на државата за спречување на одливот на работна сила, која значително недостасува во здравствениот сектор.

Според статистиките во вонредно медицинско образование најчесто се запишуваат повозрасни граѓани, со намера да се преквалификуваат и да побараат работен ангажман надвор од земјата.

-Дополнителен предизвик е и тоа што уписот во вонредно образование нема ограничувачки квоти, за разлика од уписот на редовни ученици кој се дефинира со конкретни квоти, согласно капацитетите на училиштата и минимум поени дефинирани во секој конкурс за упис во средно образование што изнесува минимум 70 поени, односно одличен успех во основното образование, а понекогаш и дополнителни квалификациони тестирања за селекција на поголем број на пријавени ученици со 75 поени, се вели во соопштението.

Од Министерството за образование и наука информираат дека се работи за времена одлука. Најавуваат дека во следниот период фокусот ќе биде ставен на можностите за унапредување на вонредното образование од здравствената струка со цел граѓаните кои ќе се одлучат за оваа опција, да стекнуваат соодветни знаења и вештини, но и притоа да бидат мотивирани за реализација на личниот потенцијал во сопствената земја.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Зеленски ги посети украинските војници во Бахмут

Следно

УЕФА одобри знаме со карта на „Голема Унгарија“ во евроквалификациите

Latest from Blog

Јунајтед продолжува по старо: Шестти меч по ред без победа за „црвените ѓаволи“ (Видео)

Серијата без победа за Манчестер јунајтед продолжи и на гостувањето кај Лидс, па „црвените ѓаволи“ веќе шестти меч по ред не знаат за триумф. Избраниците на Мајкл Карик последната победа ја забележаа

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

Од иницијативата повикуваат јавната дебата за рударството да се темели на факти, стручност и одговорно разгледување на економските можности и еколошките стандарди. Европската Унија ги интензивира напорите за обезбедување критични минерални суровини,

Папата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаат

Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот
Go toTop