Проданоски: Почна обновата на клучниот водоводен цевковод во Прилеп

May 6, 2026
1 min read

Во Прилеп започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски“, информираше градоначалникот Дејан Проданоски.

Проектот се реализира со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а вкупната вредност изнесува околу 5,9 милиони денари.

 

 

Изведувач на работите е компанијата „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“ од Скопје, а рокот за завршување е шест месеци, иако од општината очекуваат градежните активности да завршат значително побрзо, во рок од околу 60 работни денови.

Реконструкцијата опфаќа делница од јазолот на булевар „Гоце Делчев“ со улица „Кузман Јосифоски“ до јазолот со улица „Ленин“, при што ќе се изведат околу 300 метри главна водоводна линија со профил Ф-315 и дополнителни 140 метри секундарна мрежа Ф-63.

Со проектот се заменуваат старите азбестно-цементни и метални цевки со нови полиетиленски, со што се подобрува квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето. Дел од трасата минуваше низ приватни имоти, што досега создаваше потешкотии при одржување и интервенции.

Проданоски истакна дека инвестицијата е важна бидејќи се работи за главен транспортен цевковод кој го снабдува градот со вода од резервоарот во Варош, нагласувајќи дека локалната самоуправа останува посветена на подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАПАД ВО ОРМУЗ – Француски товарен брод претрпе штета, има повредени

Следно

Тоневски: Размената со Кајсери носи нови знаења и искуства за учениците од Пробиштип

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop