Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

May 5, 2026
1 min read

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Македонците во Албанија ги има во четири области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации но за жал во 21 век само во Преспа имаат право на овразование на мајчин македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

LSDM: Mickoski tha se nuk do të ketë rritje çmimesh, ndërsa çmimet e karburanteve rriten përsëri

Следно

Mickoski, Filipçes: Lajmi i mirë është se shumë shpejt do të ketë zgjedhje

Latest from Blog

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop