Општина Прилеп: Градот им оддаде почит на Делчев и Пере Тошев

May 4, 2026
1 min read

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, на споменикот на Пере Тошев во центарот на градот, на неговиот гроб во црквата „Свето Благовештение“, како и на Могилата на непобедените, беше одбележана 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 114 години од смртта на Пере Тошев.

Во рамки на настанот беше одбележан и патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, при што беше истакнато значењето на образованието и воспитувањето на младите генерации во духот на делото и идеалите на големиот револуционер.

Од Општина Прилеп посочија дека Гоце Делчев и Пере Тошев се личности кои со својот живот и дело оставиле длабока трага во историјата, вложувајќи ја својата жртва во борбата за слободна и достоинствена Македонија.

 

 

Нивната визија и непоколеблива верба во правото на македонскиот народ за слобода, како што беше истакнато, претставуваат темел на државноста и траен патоказ за идните генерации.

Општина Прилеп упати порака дека нивниот пример останува инспирација за зачувување и градење на државата со посветеност, љубов и чувство на заедништво, со цел подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Монстер трак се заби во толпа во Колумбија: Тројца мртви, 38 повредени (ВИДЕО)

Следно

Zjarr në Shkup, digjet deponia në Shuto Orizare

Latest from Blog

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop