Инфлацијата во Британија достигна 10,4 отсто во февруари

March 22, 2023
1 min read

Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба.

Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто претходниот месец, а високите цени на енергијата продолжија да вршат притисок врз буџетот на домаќинствата, објави денеска Националниот завод за статистика.

Иако економистите очекуваат цените да почнат да паѓаат, инфлацијата е петпати поголема од целта од два проценти на Банката на Англија.

Најмногу поскапеа храната и безалкохолните пијалоци. Тие пораснаа со најбрза стапка во последните 45 години, велат аналитичарите.

Централната банка на утрешната седница ќе ја одмери потребата за контрола на инфлацијата поради загриженоста за влијанието на растот на каматните стапки врз банките кои се во неволја. Централната банка одобри 10 последователни зголемувања на каматните стапки од декември 2021 година и ја зголеми основната каматна стапка на четири проценти.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија започна нов жесток бран напади со беспилотни летала во Украина, има мртви

Следно

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ има план и програма со која ќе понуди решенија и ќе ја направи Македонија подобро место за живеење за сите сегашни и идни генерации

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop