Бахмут уште трае и уште троши

March 21, 2023
2 mins read

Алармирањето околу украинската залиха доаѓа од американските и европски функционери според кои не е одржлива стапката со која украинската војска ги троши гранатите во Бахмут.

По неколкудневно непрекинато гранатирање на фронтот, Пентагон интервенирал кај Киев за да го потсети дека троши од залиха која не можат да ја надополнат во скоро време. Њујорк тајмс ова го толкува како „зголемување на тензиите меѓу украинската одлука Бахмут да се одбрани по секоја цена и нивната надеж пролетва да вратат дел од својата територија.“

Паниката е затоа што процените на западните сојузници на Украина се дека земјата има една шанса за уште еден голем јуриш годинава, во кој би можела да ја врати својата територија. За таа цел и работат сојузниците кои гледаат на секој можен начин да ги наполнат украинските резерви и со советска и со НАТО муниција.

Згора на ова е проблемот со украински жртви во Бахмут, заради кој командантите треба да одлучат дали ќе ги праќаат своите војници во одбрана на градот или ќе ги чуваат за офанзивата.

Њујорк тајмс проценува дека најавите на Полска дека ќе испрати четири МИГ-ови во Украина покажуваат дека НАТО се обидува на секој начин да ги зголеми шансите на земјата, но во исто време дека тие нема нешто многу да променат бидејќи и Русија и Украина имаат моќни противвоздушни системи, заради што главната борба е на земја и со тешка артилерија, истата онаа за која Киев е тенок за резервите.

Весникот пренесува сведоштва во кои украински командант на тенковска единица која служи во одбрана на Бахмут речиси веќе и да нема муниција, а друг командант од Бахмут раскажува дека има „катастрофален недостаток на гранати“, па деновиве откако неговата единица онеспособила руски Т-90, таа не смеела целосно да го уништи затоа што тоа било премногу скапо.

САД се надева дека ќе почне да произведува по 90.000 гранати месечно, меѓутоа за кревање на производството на тоа ниво ќе бидат потребни околу 2 години. Слично е и со напорите на ЕУ да купи милиони гранати, за кои се проценува дека исто така ќе треба време.

Украина има околу 350 хаубици од западно производство, но и покрај загубите се пресметува дека тие имаат значително повеќе парчиња советска артилерија.

„Но бројките сами по себе не ја раскажуваат целата приказна за Бахмут, место на една од најкрвавите битки на војната. Руската паравоена група Вагнер користи единици на поранешни затвореници за пробивање на украинските линии. Ова значи дека искусни украински сили гинат во одбрана на градот против помалку обучена руска пешадија.

Бахмут е мал град, меѓутоа низ него минува клучен пат кон исток а во меѓувреме доби голема симболика за двете страни,“ пишува Њујорк тајмс.

Западни воени експерти потсетуваат дека е важно за Украина да покаже дека ќе ја брани својата територија, но во исто време таа треба „да демонстрира дека тоа се исплати.“ Во моментот во корист на Украина оди и тоа што Бахмут ги цеди и руските сили и ресурси, на тој начин слабеејќи ги нивните капацитети да продолжат што подалеку на запад од земјата.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“

Следно

Во пресрет на Велигден и Бајрам, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop