Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

March 18, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, парламентот, на раководни функции во органи на централната власт “ за периодот од 2020-2025 година.

Сиљановска-Давкова ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата еднаквост преку поголема транспарентност и отчетност на институциите.

Според неа, ревизијата овозможува објективно утврдување на состојбите, како предуслов за изготвување квалитетни и издржани препораки за добро управување.

Претседателката посочи дека во нејзиниот Кабинет мнозинството вработени и на раководни позиции, се жени. Во врска со нејзините надлежности, таа укажа дека: има жена Аѓутант; за прв пат после 30 години на чело на Агенцијата за разузнавање е жена; во Советот за безбедност е именувана жена; во Комисијата за одликувања и признанија од вкупно 11 члена 6 се жени, додека во Комисијата за помилување од вкупно 7 члена, 4 се жени меѓу кои и претседателката на комисијата; во Советот за млади има паритетна застапеност и двата предложени члена за Судскиот совет се жени. Од друга страна, од 2020 до 2025 година се именувани 14 жени амбасадори, што говори за недоволна застапеност на жените во дипломатијата.

За Сиљановска-Давкова, клучни причини за родовата нееднаквост се: постоењето на патријархалната политичка култура, партизација и политизација на институциите, отсуството на внатрепартиска демократија и машка доминација на највисоките партиски и министерски функции.

Соговорниците се согласија дека родовата рамноправност води кон порепрезентативни институции, коишто носат балансирани одлуки и креираат политики што ги одразуваат пошироките потреби на општеството.

Според нив, почитувањето на родово неутралните квоти не смее да биде на штета на професионализмот и стручноста.

Ревизорите сметаат дека е потребен нов закон за државна ревизија и ревизорските извештаи да имаат правно обврзувачка сила.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

Следно

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop