Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

March 16, 2026
1 min read

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка интелигенција, јави денеска иранската новинска агенција Тасним.

Кабинетот на Нетанјаху вчера објави видео од израелскиот премиер за да ги негира шпекулациите дека е убиен или повреден во ракетните напади лансирани од Иран, но новото видео, кое требаше да ги смири сомнежите, покрена дополнителни прашања бидејќи се чини дека е генерирано со вештачка интелигенција, соопшти иранска новинска агенција.

Според агенцијата, јасен знак дека најновото видео е генерирано со вештачка интелигенција е тоа што чашата со кафе што ја држи Нетанјаху е полна до врв, но ниту една капка не се истура додека шолјата се навалува или брзо се движи, ниту пак количината на кафе се намалува откако Нетанјаху ќе се напие. Друг знак е промената во изгледот на Нетанјаху во видеото, особено кога неговото лице се гледа во профил, а споредбата на неговото лице од овој агол со вистинските фотографии од него открива дека видеото е лажно, тврди иранската агенција.

Нетанјаху вчера објави видео во кое ги исмева теориите на заговор на социјалните мрежи дека е убиен во ирански напад. Тој рече дека е жив и ги повика граѓаните да продолжат со своите секојдневни активности со претпазливост.

На видеото, кое е снимено во кафетерија, Нетанјаху нарачува кафе и вели – „Умрев … за кафе“, користејќи вообичаена хебрејска фраза за да нагласи дека некој многу сака нешто. „Го сакам мојот народ до смрт“, додаде израелскиот премиер, истакнувајќи дека е горд на начинот на кој граѓаните се однесуваат во сегашната ситуација.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Следно

Коњановски: Почна реконструкцијата на патот до црквата во Ротино

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop