Украина: Цивилите во Часов Јар под интензивно гранатирање чекаат ред за пивка вода

March 20, 2023
1 min read

БАХМУТ (АА)

– Давит КАЧКАЧИШВИЛИ

Жителите на украинскиот град Часов Јар, кој е цел на руските напади во Доњецката Област, чекаат во редови за пивка вода додека градот е изложен на чести бомбардирања, известува Анадолу.

Интензивните активности на украинската војска видливи се во Часов Јар, кој од три страни е опколен од руската војска, а станува збор за единствениот коридор за влез во градот Бахмут бидејќи околните мостови се урнати.

Жителите на градот, кој поради нападите врз енергетската и клучната инфраструктура не може да дистрибуира природен гас и електрична енергија, се борат за да преживеат со помош на волонтерите кои им носат вода и храна.

Во самиот центар на градот, кој ги носи трагите на војната што се води во Украина, секојдневно се слушаат силни експлозии. Цивилите во страв од можни бомбардирања принудени се пред паркираните цистерни да чекаат во ред за пивка вода.

– „Се плашиме да чекаме додека гранатираат, но на некој начин се навикнавме“

Ала (68), која со сопругот чека во ред за вода, за Анадолу изјави дека не се сеќава точно, но вода за пиење немаат речиси еден месец.

Таа истакна дека се изложени на голема опасност додека чекаат во ред за вода и дека секој момент можат да бидат погодени.

„Се плашиме да чекаме додека гранатираат, но на некој начин се навикнавме и кога ќе забележиме дека ќе дојде до напад, се криеме. Ова е застрашувачки, но се навикнавме“, рече Ала.

Зборувајќи дека волонтерите секојдневно носат вода за пиење, Ала истакна: „Волонтерите ни носат и вода за пиење и хуманитарна помош. Фала му на Бога, не сме гладни.“

Таа додаде дека е опасно одењето по улица.

„Се трудиме да не излегуваме премногу. Не е сигурно да се биде надвор. Можно е нападите да започнат секој момент, така што постои опасност“, рече Ала.

Центрите за помош, што со одлука на украинската Влада од крајот на минатата година се отворени во секој град и село поради енергетските проблеми во земјата, во значителна мерка им помагаат на цивилите. На овие точки се нуди греење и бесплатен интернет, а жителите на градот доаѓаат да ги наполнат своите телефони и електрични уреди.

Исто така, на т.н. „пунктови непобедливост“, на луѓето им се дели хуманитарна помош, храна, пијалаци и им се даваат здравствени услуги. Населението тука останува одреден број часови бидејќи е посигурно отколку во другите региони.

– „Ситуацијата стана потешка во последните 4 дена. Нападите се сѐ поголеми“

Игор (49), службеник на еден од центрите, изјави дека тоа е единствено место на кое жителите на градот се собираат и таму им се даваат разни услуги.

Тој нагласи дека нападите во регионот се интензивирале паралелно со судирите во Бахмут.

„Ситуацијата стана потешка во последните 4 дена. Нападите се сѐ поголеми“, рече Игор.

Екипата на Анадолу сними кадри од „самоодната хаубица 2S7 Пион“ на украинската војска на фронтот кај Бахмут.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тешко повреден мотоциклист од Скопје, паднал на коловоз

Следно

Гази Баба дава финансиска поддршка за реконструкција на кровови на згради и куќи

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop